КХВ: Успешна понудата за преземање 26,40% од обичните акции на Единство од Струмица

20

khv

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија донесе Решение со коешто понудата за преземање на акции издадени од акционерското друштво – АД Конфекција и трикотажа Единство АД Струмица што ја дадоа лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов се утврди за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно седум сопственици на обични акции со право на глас во Единство АД Струмица кои поседуваат вкупно 10.668 обични акции што претставува 26,40% од вкупниот број на обични акции со право на глас.

Врз основа на оваа понуда, преземачите  се стекнаа со 10.668 обични акции, па заедно со акциите што веќе ги поседуваа имаат вкупно 30.862 обични акции или 76,40% од вкупниот број на обични акции (40.397), издадени од Единство АД Струмица. Преземањето на хартиите од вредност се изврши по цена од 303 денари по акција.

На седницата што се одржа на 23 март, 2017 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење на брокер. Исто така, КХВ една издаде и една обнови лиценца за инвестициски советник.