Kick Off Picnic во недела во Градски парк Скопје

45

558062ce-cfcd-4230-a401-bb35c6d29c40

Summer Work and Travel Alumni Macedonia е невладина организација која уште од 2013 година успешно го организира Kick Off Picnic. Пикникот е еднодневен настан од хуманитарен карактер, и оваа година по четврти пат ќе се одржи на Школка, Градскиот парк во Скопје, на 15 мај, со почеток во 11 часот. Целта на овој настан е преку забава и дружење да се поттикне хуманоста и барем накратко да се избега од секојдневието.

Овогодинешниот пикник го посветуваме на малата Ели, која боледува од тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат). Секој посетител со минимална донација од 100 денари ќе добие пијалак и традиционална пикник закуска, стои во соопштението.

Настанот е предвидено да трае од 11:00 до 16:00, а се планираат спортски активности (фризби, мал тенис, corn hole, влечење на јаже, water pong), музички перформанси, како и традиционален турнир во одбојка. Дополнително ќе има и катче за најмалите, каде што ќе може да ја изразат својата креативност. За добрата атмосфера ќе се погрижат Латино Инструментал Бенд и ДЈ Бимбо.

За крај порака до сите: донациите се доброволни, а присуството задолжително!