Киев побара Русија и Белорусија да бидат исфрлени од ММФ и Светската банка

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека потпишал официјално барање до странските влади, вклучително и САД, за исфрлање на Русија и Белорусија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

„Овие две земји ги прекршија своите обврски и ја насочија својата политика кон војна“, изјави Шмигал, пренесе Ројтерс.

Војната на Русија со Украина и санкциите против Москва ќе имаат „сериозно влијание“ врз глобалната економија, предупреди претходно Меѓународниот монетарен фонд.