Килограм месо во оваа земја чини “мало богатство“

132

Еден килограм говедско месо во Швајцарија се продава по цена од околу 46 евра, што е највисока цена во светски рамки, покажуваат податоците на Numbeo.

Земји во коишто треба да се одвои “мало богатство“ за килограм месо се и овие земји: Норвешка (24,87 евра), Исланд (22,25 евра), Јужна Кореја (20,96 евра) и Тајван (19,93 евра).

Од регионот, најскапо е говедското месо во Словенија и тоа чини 9,35 евра, потоа следува месото во Грција – 8,87 евра и во Хрватска од 8,58 евра. Поскапо месо од нас имаат и Косово (6,96 евра), Босна и Херцеговина (6,95 евра), Бугарија (6,76 евра), Албанија (6,71 евра), Црна Гора (6,63 евра) и Србија (6,16 евра). Еден килограм говедско месо во Македонија, во просек, чини шест евра.

На дното на оваа листа се најдоа: Венецуела (2,51 евра), Пакистан (2,84 евра), Кенија (3,96 евра), Колумбија (3,97 евра) и Непал (3,98 евра).

Фото: Pixabay