Килограм сирење во Швајцарија 21, а во Колумбија 2,5 евра

107

Килограм локално сирење во маркет во Швајцарија чини 21 евро, што највисока цена во светот. Од друга страна, килограм локално сирење во Колумбија се продава за 2,5 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Меѓу земјите во светот каде што сирењето е најскапо се и: Хонг Конг (20 евра), Тајланд (17 евра), Тајван (16 евра) и Јужна Кореја (15 евра).

Од земјите во регионот во Словенија сирењето има највисока цена – околу девет евра. Потоа следуваат: Грција (7,8 евра), Хрватска (7,6 евра), Бугарија (5,4 евра) и Босна и Херцеговина (пет евра).

Домашно сирење во земјава достигнува просечна цена од околу 4,97 евра. Поевтино сирење од кај нас има во Црна Гора (4,6 евра) и Србија (четири евра).

На дното на листата, освен Колумбија, се најдоа: Венецуела (2,6 евра), Египет (2,8 евра), Хондурас (3,2 евра) и Грузија (3,3 евра).

Фото: Pixabay