Кина, Бангладеш и Виетнам – топ три најголеми извозници на облека

58

Глобалниот извоз на облека во 2018 година достигна ниво од 494 милијарди долари, што е пораст во однос на 2017 година, кога изнесуваше 464,6 милијарди долари.

Според анализата на порталот Howmuch.net, Кина минатата година беше најголем извозник на облека во светот со инкасирани 157.848.000.000 долари. Втор најголем извозник во светски рамки е Бангладеш со 32.927.000.000 долари, додека на трето место се најде Виетнам со извоз на облека во висина од 28.375.000.000 долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници се најдоа и: Италија (25 милијарди долари), Германија (24 милијарди долари), Индија (17 милијарди долари), Турција (16 милијарди долари), Шпанија (15 милијарди долари), Хонг Конг (14 милијарди долари) и Франција (13 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Бугарија имаше извоз на облека од 1,6 милијарди долари, со што е најдобро позиционирана. Потоа следуваат: Грција (880 милиони долари), Хрватска (836 милиони долари), Србија (711 милиони долари) и Албанија (565 милиони долари). Македонија е 60-та во светски рамки со извоз на облека од 537 милиони долари. Зад нас се Словенија (377 милиони долари) и Босна и Херцеговина (328 милиони долари).

Фото: Pexels