Кина до крајот на јуни планира да вакцинира 40% од населението

17

Кина планира да вакцинира 40% од населението до јуни, а до крајот на годината Пекинг планира да бидат вакцинирани над 1,3 милијарди луѓе или 80% од населението.

Досега, вакцинирани се само 3,5% од жителите на Кина. Експертите оценуваат дека моменталното темпо на вакцинирање е бавно, а во изминатите неколку недели властите забележале неколку случаи на “увезен“ вирус и тие луѓе веднаш биле изолирани.

Првите случаи на коронавирус во светот се регистрирани во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а земјата во јануари воведе строги рестриктивни мерки што опфатија милиони луѓе, воведоа масовно тестирање, следење контакти и задолжителен карантин.

Фото: Pexels