Кина доби компанија за бродоградба вредна 112 милијарди долари

150

Кина ја основа компанијата за бродоградба China Shipbuilding Group, за којашто државна радио телевизија тврди дека е најголема во светот, пишува Reuters.

Основањето на компанијата се надоврзува на спојувањето на двете водечки компании за бродоградба во Кина – China State Shipbuilding и China Shipbuilding Industry Co.

Новата компанија има вредност од 112 милијарди долари и вработува 310.000 луѓе, а се занимава со изградба на бродови за различна намена.

Главни конкуренти на Кина кога станува збор за бродоградба се Јужна Кореја и Јапонија.

Фото: Pixabay