Кина доби зелено светло за развој на вакцина против Ковид – 19

114

Ден откако САД започнаа со првите клинички испитувања за вакцини против коронавирус на луѓе и Кина се вклучи во трката за развој на вакцина против Ковид – 19 којшто досега уби над 7.000 луѓе ширум светот.

Научниците од кинеската Академија на воени медицински науки добија зелено светло да започнат клиничко испитување на вакцини, почнувајќи од оваа недела.

Некои вакцини за коронавирус се очекува да влезат во клинички испитувања во Кина што е можно поскоро, соопштија кинеските власти во Пекинг.

“Во моментов, повеќето тимови се очекува да ги завршат предиклиничките истражувања во април, при што некои напредуваат побрзо“, рече Ванг Јунџи од кинеската академија за инженерство.

Вакцината, којашто се развива во Шангај, се очекува да влезе во клинички испитувања до средината на април, изјави службеник за здравство од регионот. Деталите во базата на податоци за регистрација на клиничко испитување во Кина укажуваат дека Фазата 1, тест за испитување дали експерименталниот лек е безбеден за луѓето, ќе вклучува 108 здрави луѓе кои ќе учествуваат во студијата помеѓу 16 март и 31 декември.

Фото: Pixabay