Кина “добива“ два нови милијардери секоја недела

17

Минатата година Кина “произведувала“ по два нови милијардери секоја недела, се вели во извештајот на  швајцарската банка UBS и ревизорската куќа PwC.

Бројот на милијардери во земјата се зголемил од 318 на 373, а нивното заедничко богатство изнесува 1,12 илјади милијарди долари. Кина е моментално водечка земја каде претприемачите генерираат богатство.

Во светски рамки, вкупното богатство на милијардерите се зголемило за 19%  на рекордни 8,9 илјади милијарди долари, а истото го делат 2.158 луѓе, пишува BBC.

UBS и PwC велат дека моментално во Азија има најголем број на милијардери, однсно еден од пет милијардери во светот се Кинези.

Дури 97% од кинеските милијардери сами го стекнале богатството, а најголемиот број се од секторите технологија и продажба на мало.

Во Европа бројот на милијардери во 2017 година пораснал за 16 и изнесувал 414.