Кина е втор најголем увозник во светот веќе 11 години

63

Кина е втор најголем увозник во светот веќе 11 последователни години, објави кинеското Министерство за трговија.

„Во периодот јануари-септември Кина увезе стоки во вредност од речиси две милијарди долари, што е за 32,6 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година“, изјави на прес-конференција портпаролката на Министерството за трговија, Шу Јутинг.

Кина, посочи таа, континуирано ќе ја подобрува либерализацијата и олеснувањето на трговијата и ќе го оптимизира своето деловно опкружување за да го поттикне глобалното закрепнување и раст.