Кина ги прогласи сите крипто-услуги за нелегални, стави вето на “копањето“

97

Централната банка на Кина денеска го обнови својот остар говор за биткоинот, нарекувајќи ги сите активности поврзани со дигиталните валути – незаконски и ветувајќи дека ќе се бори против тој пазар. Во делот за прашања и одговори на страницата, Националната банка на Кина (PBOC) сподели дека услугите што нудат тргување, издавање токени и деривати (алткоини) на виртуелни валути – се строго забранети. Странските крипто-берзи, кои обезбедуваат услуги во Кина, исто така, се нелегални, соопшти Банката. „Странските виртуелни берзи на валути кои користат Интернет за да обезбедат услуги на локалните жители, исто така, се сметаат за нелегална финансиска активност. Ќе се испитаат странските работници во берзите за криптовалути“, се додава.

PBOC истакна дека ги подобрила своите системи за да го засили следењето на трансакциите поврзани со криптовалути и да ги искорени шпекулативните инвестиции. „Финансиските институции и небанкарските платежни институции не можат да нудат услуги преку активности и операции поврзани со виртуелни валути“, велат од Банката. Цената на биткоинот потона над 3% на 24-часовна основа, и во моментов вреди околу 41.100 долари. Етереум падна за 7% до 2.860 долари, приближно исто како и сега. Акциите со висока изложеност на криптовалути, исто така, паднаа во пазарното тргување, пред Coinbase да падне речиси 4 проценти, MicroStrategy 5 проценти и RiotBlockchain повеќе од 6 проценти. Ова не е првпат Кина да е толку остра кон криптовалутите. Претходно оваа година, Пекинг објави сузбивање на крипто-рударството, енергетски интензивен процес кој ги потврдува трансакциите и „кова“ нови валути.

Ова доведе до остар пад на процесорската моќ на биткоинот, бидејќи неколку рудари ја исклучија својата опрема. PBOC, исто така, им нареди на банките и небанкарските платежни институции, како што е подружницата на Alibaba -Ant Group, да не обезбедуваат услуги поврзани со криптовалути.

Во јули, централната банка и кажа на една компанија во Пекинг да го затвори својот бизнис, за наводно овозможување трансакции со дигитални валути. Задушувањето на криптовалутите во Кина доаѓа во време кога Пекинг се обидува да ги исполни своите климатски цели. Таа земја, имено, е најголемиот емитер на јаглерод во светот и има намера да стане јаглерод неутрална до 2060 година. Во меѓувреме, PBOC работи на сопствена дигитална валута