Кина го намалува користењето на јаглен

57

Кина во период од 2026-та до 2030-та година постепено ќе ја напушта потрошувачката на јаглен, во рамки на иницијативата за намалување на емисијата на штетни гасови, рекол кинескиот претседател, Кси Џинпинг.

“Строго ќе ги контролираме проектите за добивање енергија од јаглен. Силно ќе го ограничиме растот на потрошувачка на јаглен во 14-от по ред петгодишен план (2021 – 2025) и ќе ја намалиме во 15-от план (2026 – 2030)“, рекол Кси.

Кинеското енергетско регулаторно тело претходно објави дека целта е оваа година да се намали вкупниот удел на јагленот во производство на енергија на помалку од 56%, но Кина и понатаму е единствена голема економија што поттикнува нови проекти со тој енергенс.

Фото: Pexels