Кина го олеснува визниот режим за странци кои примиле кинеска вакцина

56

Кина објави дека ќе ја поедностави постапката за издавање виза за странски државјани кои се вакцинирани со една од кинеските вакцини против коронавирусот, што може да биде мал чекор кон нормализација на меѓународните патувања.

Вакцинираните патници кои во Кина ќе стигнат по воздушен пат и понатаму ќе мора да имаат негативен тест на коронавирус, како што тоа го налагаат важечките правила.

Според одлуката, патниците “по влезот во Кина би требало да се придржуваат кон правилата за карантин и следење на состојбата“. Исто така, Кина има добра волја да се согласи на меѓусебно признавање на потврдите за вакцинирање со друг земји.

Кина своите вакцини ги извезува во трети земји, како што се САД, Австралија, Јапонија и Индија и почнува со дистрибуција на вакцини во земјите на Азија, преку таканаречена “дипломатија на вакцини“.

Фото: Pexels