Кина и САД – најголеми трговски партнери на ЕУ

24

Европската унија најмногу увезува од Кина, а најголем дел од извозот од земјите членки оди на пазарите во САД, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу земјите од каде што земјите членки на ЕУ најмногу увезуваат се: Кина (19% – 361 милијарда евра), САД (12% – 232 милијарди евра) и Велика Британија (10% – 193 милијарди евра), Русија (7% – 144 милијарди евра), Швајцарија (6% – 110 милијарди евра), други земји (46% – 892 милијарди евра).

Кога станува збор за извоз на производи произведени во ЕУ, најголеми пазари се: САД (18% – 384 милијарди евра), Велика Британија (15% – 318 милијарди евра), Кина (9% – 198 милијарди евра), Швајцарија (7% – 146 милијарди евра), Русија (4% – 87 милијарди евра) и други земји (47% – 996 милијарди евра).

Фото: Pixabay