Кина им го возвраќа “ударот“ на САД

119

Кина ќе преземе контра мерки како одговор на најавите на Њујоршката берза дека од тргување ќе исклучи три големи кинески телекомуникациски компании, што е дел од заострените односи меѓу Пекинг и Вашингтон.

Њујоршката берза објаи дека ќе ги исклучи China Telecommunications Corp., China Mobile Communications и China Unicom Hong Kong, а тргувањето со нивните акции ќе запре меѓу седми и 11-ти јануари.

Овој потег се базира на наредбата на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, којашто ја издал на 12-ти ноември, а со којашто се забранува инвестирање во компании во коишто јавно се тргува, а за кои американската влада вели дека во сопственост или под контрола на кинеската војска.

“Кина се спротивставува на американската злоупотреба на државнаа безбедност со тоа што кинеските компании ги става на таканаречена листа на “Воени компании на комунистичка Кина“ и ќе ги преземе сите неопходни против мерки за да може одлучно да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските компании“, објави Министерството за трговија во Пекинг.

Кинескиот технолошки гигант Huawei  е исклучен од американскиот пазар и САД силно лобираше и други земји да му постават забрани.

Фото: Freepik