Кина има најголем број на стартапи еднорози

44

Кина ја престигна Америка, како во бројот на милијардери, така и во бројот на стартапи еднорози или стартапи со вредност од над една милијарда долари.

Според Hurun Global Unicorn List, Кина има вкупно 206 вакви стартапи, а САД се зад нив со 203. Таа бројка во светски рамки изнесува 494, а овие млади компании лоцирани се во 24 различни земји. Стартапите на листата “датираат“ од пред две децении, пишува Quartz.

Трите највредни стартапи во Кина се Ant Financial со вредност од 150 милијарди долари, Bytedance 75 милијарди долари и Didi со вредност над 50 милијарди долари.

Најмногу стартапи еднорози биле креирани во областа на е-трговијата, или 68, потоа во финтек индустријата 56, и обработка на податоци во облак каде имало 44 компании.

Зад Кина и САД се наоѓаат Индија со 21 стартап еднорог, Велика Британија со 13, Германија и Израел со седум, Јужна Кореја со шест и Индонезија, Франција и Бразил со по четири стартапи еднорози.

Фото: Pexels