Кина има скоро милијарда активни корисници на интернет

19

Кина на крајот на 2020 година имала 989 милиони активни корисници на интернет, покажуваат официјалните податоци.

Тоа е за 85,4 милиони повеќе во однос на март минатата година, непосредно пред пандемијата што присили стотина милиони Кинези да поминуваат повеќе време во затворен простор, пренесува CNBC.

Од март до крајот на годината, дури 72,15 милиони Кинези повеќе купувале преку интернет, најмногу користејќи мобилни телефони, со што вкупниот број достигна 782 милиони.

Исто така, пораст има и на бројот на луѓе кои имале повеќе пари за трошење, како и оние кои работат од дома.

Податоците покажуваат дека уделот на корисници со интернет кои имаат месечни приходи пониски од 774 долари пораснал за 29,3% во декември од 27,6% во март.

Бројот на вработени кои работат на далечина е зголемен за 147 милиони од јуни, достигнувајќи 346 милиони луѓе заклучно со декември 2020 година, што е околу една третина од корисниците на интернет во земјата.

Фото: Freepik