Кина ја поддржа глобалната иницијатива за вакцини Covax

100

Кинеското министерство за надворешни работи објави дека земјата и официјално се приклучи кон глобалната иницијатива за вакцини, позната како Covax, со што стана најголемата економија што се обврзе да помогне во финансирање на вакцини за земјите со низок и среден доход.

Тамошното министерство не открило детали околу тоа колкава помош ќе даде Пекинг, иако претседателот Кси Џинпинг вети две милијарди долари во следните две години, за да помогне во борбата против пандемијата што досега во светот однесе милион човечки животи.

Глобалната иницијатива Covax, што ја предводи Светската здравствена организација (СЗО), планира да достави барем две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година.

СЗО претходно објави дека преговараат со Кина за вклучување во иницијативата, а засега Русија и САД не се дел од Covax.

Фото: Pixabay