Кина ќе го поттикне економското закрепнување

16

Кина ќе го консолидира и прошири своето економско закрепнување, ќе го забрза закрепнувањето на потрошувачката и ќе ги стабилизира надворешната трговија и инвестиции, според одлуките донесени на извршниот состанок на Државниот совет со кој претседава премиерот Ли Кечијанг.
Истакнувајќи го континуираниот тренд на економско закрепнување, на средбата во сабототата беше нагласена потребата од спроведување на одлуките на Централната економска работна конференција и фокусирање на обезбедување стабилност на растот, вработеноста и цените, со цел да се задржат економските перформанси во соодветниот опсег, пренесе Кинеското меѓународно радио.

Ќе се преземат фундаментални чекори за да се обезбеди ефикасно спроведување на пакетот за економска стабилизација и придружните мерки.

Ќе продолжи да се поттикнува развојот на надворешната електронска трговија и магацините во странство, ќе се подобри конкурентноста на надворешната трговија, а по потреба ќе се прошири увозот, пренесува СееБиз.