Кина ќе обезбеди 10 милиони дози вакцини за иницијативата Covax

17

Кина планира да обезбеди 10 милиони дози вакцини против коронавирусот за иницијативата за дистрибуција на вакцини – Covax, откако три кинески компании се пријавиле за учество во иницијативата.

Covax, што има поддршка од Светската здравствена организација и Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација, би требало овој месец да почне со програмата за вакцинирање во земјите со низок и среден приход, со две до три милијарди дози, колку што се очекува да бидат испорачани оваа година.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Sinovac Biotech, China National Pharmaceutical Group (Sinopharm) и CanSino Biologics во јануари се пријавиле за да се приклучат кон програмата.

Ниту една од овие три компании во јавност не дадe детални податоци за ефикасност на својата вакцинa.

Фото: Freepik