Кина: Милијарда лебарки во борба против остатоци од храна

83

Фото: Pixabay

Кинеските градови доживуваат експанзија со забрзано темпо, што предизвикува и зголемување на отпад од храна. Населението произведува толку многу отпадоци од храна, што депониите не можат да ги опслужат. Па, затоа во борбата со овој отпад, земјата вклучува милијарда лебарки, пишува Reuters.

Фабрика во главниот град на источната провинција Шандонг секојдневно третира околу 50 тони кујнски отпад со помош на лебарки. Како што се наведува, овој процес не само што е креативно решение за отпадоците од храна, туку и обезбедува квалитетна сточна храна, откако лебарките ќе изумрат.

Во фабриката Quaobin Agricultural Technology Co, храната на лебарките доаѓа преку посебни цевки. Оттаму планираат да отворат уште три вакви постројки со цел да се третира една третина од кујнскиот отпад произведен во градот Жинан, каде што живеат околу седум милиони луѓе.