Кина најави масовно производство на летечки автомобили до 2024 година

105

Кинескиот производител на електрични возила Xpeng планира до 2024 година масовно производство на летечки автомобили чија цена, како што е најавено, нема да надмине 157.000 долари.
Кинеската стартап компанија претстави прототип на возило X2 развиен од HT Aero, подружница на компанија специјализирана за летечки автомобили.

Во извештајот на порталот TechCrunch се наведува дека само минатата недела Xpeng обезбедил најмалку 500 милиони долари од инвеститорите за овој проект.

Максимална должина на летот до 35 минути

Летечкиот автомобил се управува на мала надморска височина со волан за возење по патишта и една рачка за режими на летање. На веб-страницата Xpeng е наведено дека X2 може да вози две лица, има ротори кои можат да се преклопат кога возилото е во режим на патен сообраќај и се прошируваат при летање, а максималното време на лет е до 35 минути.