Кина најавува планетарна економска доминација

25

Кина би можела двојно да ја зголеми својата економија до 2035 година и да ги надмине Соединетите Американски Држави како најголема светска економска сила, смета Хелен Ксиао, главна економистка на Bank of America.

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг рекол дека е можно двојно зголемување на бруто домашниот производ и доход по глава жител до 2035 година. Тоа бара просечна годишна стапка на раст од 4,7% во следните 15 години, за што некои се скептични дека тоа тешко може да се постигне.

Освен што ќе го зголеми својот бруто домашен производ, кинеската економија за неколку години (2027-ма или 2028-ма година) би можел да ги надмине САД.

Кина беше една од ретките земјите во светот кои и покрај пандемијата, од каде започна сè, забележа раст во 2020 година.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година регистрираше скок од 2,3%, а за оваа година прогнозите се движат околу 8%.

Од друга страна, американската економија лани имаше пад од 3,5%, а за оваа година проекциите се насочуваат кон раст од над 5%.

Фото: Pexels