Кина очекува раст од 6% во 2021 година

23

Кинескиот премиер, Ли Кеџианг објави дека оваа година неговата земја ја очекува економски раст од 6%. Кина минатата година ја заврши со раст на бруто домашниот производ од 2,3% и беше единствена голема економија што оствари раст среде пандемија.

Во Пекинг започна годишното редовно заседавање на националниот конгрес, на којшто се поставуваат економските и политички национални приоритети за 2021 година.

Премиерот имал позитивен тон за кинеското закрепнување од пандемијата, во исто време напоменувајќи ги слабостите како што се пречките во потрошувачката, тешките услови за малите компании и големиот притисок во одржување стабилна вработеност.

За оваа година, кинескиот премиер рекол дека Кина планира стапката на невработеност да биде околу 5,5% и фокусот е ставен на создавање повеќе од 11 милиони нови работни места, исто како во 2019 година, во однос на девет милиони претходната година.

Фото: Pexels