Кина основа нова авиокомпанија и покрај намалениот број на патници

59

Вториот најголем авиопревозник во Кина, China Eastern, планира да основа нова авиокомпанија и покрај големиот глобален пад на патници поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, пренесува BBC.

China Eastern, како што се наведува, во рамки на овој проект ги здружила силите со повеќе партнери, вклучувајќи ја и кинеската туристичка агенција Trip.com.

Главна дестинација на новата авиокомпанија ќе биде островот Хаинан, центар на слободна трговија каде живеат осум милиони луѓе.

Како што пренесува BBC, се поставува прашањето за тајмингот за отворање на нов авиопревозник, имајќи предвид дека воздухопловната индустрија се бори да го преживее колапсот со патувањата предизвикан од пандемијата.

Фото: Pixabay