Кина “полуде“ по швајцарски часовници

51

Кина е единствена земја во светот којашто економски не му се покори на коронавирусот и забележа раст од 4,9%. Освен тоа, во земјата се зголемува и личната потрошувачка, а Кинезите сè повеќе трошат и на луксузни производи. Само во септември оваа година, продажбата на швајцарски часовници е зголемена за 78,7%.

Сепак, не е насекаде така, бидејќи извозот на швајцарски часовници забележа пад од 12% во однос на истиот период лани, додека од почетокот на годината до крајот на септември има намалување од 28,3%.

Пандемијата го “нагриза“ извозот на часовници од Швајцарија на клучните пазари, како што се САД, Хонгконг, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја, Европа и Велика Британија.

Фото: Freepik