Кина – рекордер по број на милијардери на планетата

19

Бројот на милијардери во Кина е зголемен и покрај пандемијата, покажува листата на најбогати на компанијата Hurun.

Кина беше прва земја во светот којашто на крајот на 2019 година беше погодена од коронавирусот, којшто ја парализираше нејзината економија, но во исто време и прва земја што закрепна и продолжи со економски раст.

Кина, вклучувајќи го и Хонгконг, има 253 милијардери повеќе од претходната година и убедливо води на светската листа на богати со 992 богаташи.

САД се на второ место со 696 милијардери, но тројцата најбогати на планетата остануваат Американци и Французин, односно Џеф Безос, Илон Маск и Бернард Арно.

Индија е трета земја во светот со најголем број милијардери, вкупно 177 на број.

Најбогатиот Кинез е дискретен шеф на групација за флаширана вода, Жонг Шаншан, кој не бил на листата 100 најбогати луѓе на светот една година претходно. Неговото богатство се проценува на 85 милијарди долари. Зад него се сопствениците на ИТ компаниите Tencent и ByteDance.

Џек Ма, кој долго време беше најбогат во Кина, сега е на четврто место со богатство проценето на 55 милијарди долари. Падот на Ма од врвот на листата се поклопува со проблемите што ги имаше неговата групација Alibaba со кинеските регулаторни тела.

Првпат откако Hurun прави листа на најбогати, најголемите богатства во Кина не се поврзани со недвижнини, сектор којшто долго време го движеше економскиот раст на земјата.

Фото: Pexels