Кина воведува дигитални потврди за вакцинирање

21

Кина воведува дигитални потврди за вакцинирање против коронавирусот за своите граѓани кои планираат да патуваат надвор од земјата, приклучувајќи им се на останатите земји што издаваат слични документи додека бараат начин да ги отворат своите економии.

Кинеските потврди за вакцинирање ќе содржат детални информации околу примателот на вакцината против коронавирусот и резултати од тестот за коронавирус. .

Министерот за надворешни рабoти, Ванг Ји рекол дека целта на потврдата е да се постигне меѓусебна проверка на податоци како што е тестот за нуклеинска киселина и вакцинирањето за да се овозможи безбедна интеракција на луѓето.

Засега не е познати со кои држави Кина ќе договора признавање на потврдата за вакцинирање.

Фото: Pexels