Кина врти “нов лист“ во извозот за Европа

74

Зголемување на времето на испорака на стоките по морски пат и недостиг од контејнери го прават транспортот по копнен пат од Кина во Европа попривлечна алтернатива за морските рути за кинескиот извоз, пишува Financial Times.

Во првите два месеци од оваа година од Кина во Европа се испратени повеќе од 2.000 товарни возови, што е двојно повеќе одошто во истиот период лани. Во текот на минатата година, железничкиот товарен промет од Кина во Европа е зголемен за 50%, а од 2016 година до денес за седум пати.

Експерти за Financial Times велат дека причина за овој раст се зголемените трошоци за поморски транспорт. Во исто време, брзото закрепнување на Кина по пандемијата ѝ овозможи на земјата да “доминира во глобалната трговија во втората половина од 2020 година“.

Поради воведување на рестриктивните мерки во многу земји во светот е зголемена побарувачката за најразлични електронски уреди и апарати за домаќинство од Кина. Бавниот превоз на стоката по морски пат ги принуди кинеските компании да побараат друга алтернатива – по копнен пат преку Русија и земјите од централна Азија.

Но, во вкупниот кинески извоз, уделот на стока што се превезува преку железница е занемарлив. Само во декември, низ пристаништето Јангшан во Шангај се пристигнати околу два милиони контејнери, во споредба со 209.000 железнички контејнери во првите два месеци од оваа година.

Фото: Pexels