Кина започна антимонополска истрага против Alibaba

37

Кинеските регулатори почнаа антимонополска истрага против групацијата Alibaba, јавија светските агенции.

Кинескиот регулатор посебно ја разгледува политиката на компанијата, според која деловните партнери на Alibaba треба да избегнуваат контакт со нејзините конкуренти.

Alibaba групацијата е најголемата кинеска компанија за електронска трговија од 1999 година.

Групата е сопственик на меѓународните интернет платформи Alibaba.com, AliExpress.com, Taobao.com и Tmall.com.

Фото: Facebook