Кинеска компанија ја престигна Тесла во производството на електрични автомобили

115

Не само што има проблеми со синџирот на снабдување, туку компанијата Тесла се бори да го одржи производството во своите две нови гигафабрики: во Тексас (САД) и Германија.

Американскиот производител на електрични автомобили објави дека затворената продажба паднала за речиси 18% на околу 255.000 возила во вториот квартал, во споредба со првите три месеци од 2022 година. Производството паднало за 15% на 259.000.

Со други зборови, империјата изградена од Илон Маск повеќе не е на тронот на ова поле. Тој беше заменет со BYD, автомобилска компанија со седиште во Кина, позади која стои  Беркшир Хатавеј, компанијата на Ворен Бафет.

Имено, во првите шест месеци од 2022 година, BYD продаде повеќе електрични автомобили од Tesla, а забележа скок на продажбата од 315% во однос на минатата година. Бројот на возила што ги продал е 640.000, додека Tesla за половина година продал 564.000.

Како што понатаму наведуваат од кинескиот гигант, имаат намера во 2022 година да продадат дури 1,5 милиони електрични возила, пишува порталот Телеграф.