Кинеска компанија ќе ги презема германските роботи Kuka

66

kuka

Германската влада вчера го одобри преземањето на германската компанија за производство на индустриски роботи Kuka од страна на кинескиот произведувач на апарати за домаќинство, Midea.

“По интензивната проверка на преземањето на мнозински удел акции на компанијата Kuka AG од страна на кинескиот инвеститор Midea, министерството за економија и енергија донесе одлука да започне постапка за преземање”, велат од министерството, пишува DW.

Kuka важи за модернизатор на германската индустрија и многу политичари изразија двоумење околу преминувањето на ваква стратешки важна компанија во кинески раце. Кинезите се стекнуваат со преку 90% акции, нудејќи 115 евра по акција и гарантираат дека ќе го задржат погонот во Баварија со сите вработени.

Пекинг ги турка кинеските компании да “излезат” и да инвестираат во странски компании, да ги зголемат своите технолошки можности и да бараат нови пазари.