Кинеската економија закрепнува побрзо од останатите

52

Покрај тоа што е “родно место” на коронавирусот, Кина, исто така, е првата земја која бележи економско закрепнување од блокадата предизвикана од пандемијата.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија оваа година ќе порасне за 1%, додека, на пример, американската економија ќе забави за дури 6%. Просечниот пад на економиите ширум светот оваа година би требало да изнесува 3%.

“Закрепнувањето на Кина е обележано со V шема – остар пад што му претходи на брзиот економски раст – барем според индексот за набавки (PMI)“, изјави за CNBC, Ричард Мартин од IMA Asia, групацијата која ги опфаќа директорите на компаниите од Азија.

Се очекува и Виетнам и Тајван да имаат закрепнување слично на кинеското. Меѓутоа, додава тој, тоа не значи дека другите светски економии погодени од пандемијата брзо ќе се вратат на нивото пред кризата. На повеќето од нив ќе им требаат најмалку три месеци за економиите да започнат посериозно да закрепнат.

Патем, според индексот PMI, Кина во мај забележа раст. Нејзиниот резултат се искачи на 50,6 поени, што покажува дека економијата расте. Нешто под 50 поени сведочи за нејзино забавување. Сепак, предупредува Ричард, тоа не значи дека закрепнувањето на кинеската економија е загарантирано.

Фото: Pixabay