Кинеската вакцина подготвена за комерцијална употреба до крајот на годината

69

Шефот на водечката државна кинеска фармацевтска компанија Sinopharm рече дека нивната вакцина против коронавирус ќе биде комерцијалнo достапна до крајот на годината.

Претседателот на Sinopharm, Лиу Џинжен, за кинескиот весник на Комунистичката партија изјави дека вакцината би чинела помалку од 1.000 јуани (140 долари) и ќе биде дадена двапати во интервал од 28 дена.

Според него, ќе биде неопходно за студентите и работниците во поголемите градови да ја добијат вакцината, но не и оние што живеат во ретко населените рурални области.

Sinopharm во моментов тестира две вакцини и има годишен капацитет на производство од 220 милиони дози.

Фото:Freepik