Кинеската верзија на TikTok воведува тинејџерски режим

25

Кинеската верзија на TikTok воведува „тинејџерски режим“ што ќе го ограничи времето поминато на деца под 14 -годишна возраст во апликацијата за кратки видеа на 40 минути дневно, пренесува CNN.

Мерката ќе се однесува на сите корисници на Doujin (кинеската верзија на TikTok) под 14-годишна возраст, кои се регистрирале во апликацијата користејќи ги нивните вистински имиња, се вели во соопштението од саботата на компанијата од Пекинг, ByteDance. Douyin исто така нема да биде достапен за овие корисници од 22:00 до 06:00 часот, додаваат сопственикот на TikTok и Douyin.

Компанијата ги повика родителите да им помогнат на своите деца да се регистрираат со нивните вистински имиња или самите да го вклучат “тинејџерскиот режим“. ByteDance не одговори веднаш на прашањето на CNN за тоа како може да ја наметне оваа политика на корисници кои не ги користат нивните вистински имиња. Апликацијата ќе понуди и нова содржина – од научни експерименти и музеи до изложби во уметнички галерии, природни пејзажи за да ги „инспирира“ младите корисници.

Според истражувачката компанија iiMedia Research – Doujin има најмалку 490 милиони корисници до ноември 2020 година,

Ограничената употреба на Douyin е „проактивна мерка“ на ByteDance за да се предвидат потенцијалните регулативи, напишаа во понеделникот аналитичарите на Citigroup Global Markets. Тие посочуваат дека оваа одлука може да доведе другите интернет платформи за кратки видео содржини да размислат за воведување слични ограничувања.

Во јуни, Кина го ревидираше Законот за заштита на малолетници, кој бараше од давателите на интернет услуги – вклучително и апликации за социјални медиуми – да воведат карактеристики како што се управување со времето, ограничување на содржината и ограничувања на потрошувачката за малолетници.

Кинеските регулатори веќе почнаа да вршат притисок врз технолошките компании да го ограничат времето што малолетниците го поминуваат на нивните услуги. Минатиот месец, земјата им забрани на онлајн гејмерите помлади од 18 години да играат во работните денови и ја ограничи нивната игра на само три часа за време на викендите.