Кинески COSCO купува 67% од акциите на најголемото грчко пристаниште Пиреја

23

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Управниот одбор на грчкиот фонд за приватизација ја прифати понудата на COSCO групацијата од Хонг Конг за добивање на 67% од акциите на пристаништето Пиреја, се вели во официјалното соопштение.

Оваа групација достави најповолна понуда, нудејќи 22 евра по акција, односно 368,5 милиони евра за уделот од 67%.

Според Катимерини, групацијата COSCO, освен примарниот износ за акции, во најголемото грчко пристаниште ќе инвестира 296 милиони евра во следните пет, како и дополнителни 50 милиони евра три години потоа.

Инвестициите во најголем дел се однесуваат на одржување и проширување на пристаништето, проширување на Терминалот 1, одржување и надградба на патничките терминали, како и терминалот за автомобили.

Договорот за концесија треба да го одобри генералното собрание на менаџментот на пристаништето, а потоа ќе следи и ратификација од страна на Грчкиот парламент. Овој процес би требало да трае околу три месеци.