Кинески Cosco стана мнозински сопственик на грчкото пристаниште Пиреја

25

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Кинеската компанија Cosco со потпишување на договор стана мнозински сопственик на најголемото грчко пристаниште Пиреја, пишува Катимерини.

Според договорот, којшто беше потпишан минатата недела, Cosco треба да плати 280,5 милиони евра за да добие 51% од акциите на Пиреја, додека останатите 16%, односно 88 милиони евра треба да ги уплати во следните пет години. Во следните години кинеската компанија треба да инвестира и околу 350 милиони евра во ова пристаниште.

“Грција ќе има големи придобивки од зголеменото влијание и моќ на Кина на глобалниот пазар. Кинеските компании гледаат огромни можности за инвестирање во Грција, што наидува на поддршка од кинеската влада“, изјави Ксу Лиронг, претседател на државната кинеска корпорација Cosco.