Кинески милијардер вложува во старт-ап за производство на вештачко месо и кожа

30

li ka shing

Мултимилијардерот Ли Ка Шинг од Хонг Конг инвестира во американска старт – ап компанија за производство на вештачко месо и кожа.

Компанијата Horizons Ventures на Ка Шинг и одобри 10 милиони долари на старт – ап компанијата Modern Meadow од Бруклин, за производство на месо и кожа од вештачко потекло во лабораторија, пренесува Wall Street Journal.

Идејата на овој бизнис е да им се помогне на модните дизајнери и производителите на кожа да ги задоволат растечките потреби за нивните производи без да убиваат животни и да се загадува околината.

Старт – ап компанијата користи посебна техника наречена biofabrication, преку која се произведува кожа преку клетки од животинско потекло во лабораторија. Компанијата, исто така, развива биофабричко месо, риби и живина од мускулни клетки.

Оваа инвестиција изгледа сосема логично поради фактот што светската побарувачка за животинска кожа во следните години би можела да достигне вредност од 92 милијарди долари. Цените на кожата од крави во последно време порасна за дури 30% во повеќе делови од светот, а Кина е меѓу најголемите производители на планетата.

modern meadow