Кинески Nio го запира производството

51

Кинескиот производител на електрични возила, Nio го запира производството во фабрика во Хефеј на пет работни денови поради недостиг од чипови.

Запирање на производството е планирано од понеделник, 29-ти март, пренесува Ројтерс.

Компанијата, исто така, наведе дека ја намали проценката за испорака на автомобили за првиот квартал од оваа година на околу 19.500 возила, во однос на 20.000 до 20.500 возила колку што се очекувале претходно.

Фото: Facebook