Кинески производител тврди:За три години доаѓаат 30 електрични модели

20

Според информациите објавени од China EV post, Xpeng оваа година ќе ја лансира својата нова технолошка платформа, која дава огромни можности за овој бренд.
Модуларната архитектура значи дека многу модели може да се изградат брзо, од кои првиот ќе биде претставен оваа година.

Сепак, ова е само почеток, бидејќи во следните три години производителот ќе лансира 30 нови и ажурирани модели. Ова беше наведено во интерно писмо потпишано од шефот на Xpeng, Хе Ксијаопенг.

Почетните области на фокусирање на производителот се модели во ценовниот сегмент над 38.000 евра и во класата од околу 19.000 евра. Ова се два важни сегменти кои ги покриваат претходните дупки во опсегот на модели.

Xpeng, кој доби финансиска инјекција минатата година бидејќи групацијата Volkswagen инвестираше во компанијата, ја гледа 2024 година како клучна година, пишува Ревија Хак.