Кинески старт – ап направи паметни очила за откривање Ковид-19

195

Кинескиот старт – ап, со седиште во Сан Франциско, Rokid направи уред којшто покрај мерењето на температурата, може да направи многу повеќе.

Станува збор за паметни очила со инфрацрвен сензор коишто можат да измерат температура на до 200 луѓе на оддалеченост до три метри. Тоа значи дека здравствените работници или други лица што ги носат не мора да пријдат во опасна близина до потенцијално заразените луѓе и може да се направи брзо скенирање дали некој има температура што е еден од симптомите на Ковид – 19.

Очилата имаат Qualcomm чипсет и доаѓаат со 12MP камера, поддршка за проширена реалност, а компанијата нуди и IoT и софтверски решенија за олеснување на препознавање на лицата. Меѓутоа, треба да се напомене дека тоа што лицето нема температура не значи и дека нема Ковид – 19.

Температурата е само еден од симптомите, но во најмала рака може да им помогне на службениците да ги изолираат луѓето кои се видно болни и можеби да извршат дополнителни тестови на нив. Фактот дека се работи за носечки уред значи дека лесно може да се дистрибуира и преместува од една локација на друга, и на тој начин да покрие поширок простор одеднаш, пишува Ubergizmo.

Фото: Facebook