Кинески Tencent ja надмина вредноста на Facebook

61

Пазарната капитализација на Tencent ја надмина вредноста на Facebook, откако акциите на кинеската компанија годинава нагло пораснаа. Вкупната вредност на акциите на кинескиот гигант за игри и социјални мрежи беше 664,50 милијарди долари.

Во меѓувреме, пазарната вредност на Facebook во вторникот беше 656,15 милијарди долари.

Tencent е познат по популарните игри за мобилни телефони, но и по лансирањето We Chat, најпопуларната апликација за пораки во Кина, со повеќе од милијарда корисници. Компанијата, исто така, има услуга за размена на инстант пораки наречена QQ.

Вредноста на акциите на Tencent се зголеми за 43% оваа година, за разлика од акциите на Facebook, коишто пораснаа за 12%.

Фото: Freepik