Кинеските банки ги зајакнуваат своите активности во Русија

10

Голем број западни банки се повлекоа од Русија по почетокот на агресијата во Украина. Наместо нив, на пазарот сега се шират  од Кина, кои значително го зголемија својот ангажман во Русија.
Паралелно со повлекувањето на западните банки од Русија поради нападот на таа земја врз соседна Украина, кинеските банки го засилија својот ангажман и значително го зголемија износот на пари што го пласираат во Русија. Според пресметките на Киевската школа за економија за весникот „Фајненшл тајмс“, кинеските заеми во рускиот банкарски сектор се зголемени за четири пати до крајот на март 2023 година.

Industrial and Commercial Bank of China (ICBC), Bank of China, China Construction Bank и Agricultural Bank of China го зголемија својот заеднички ангажман во Русија за 2,2 милијарди американски долари во 14-те месеци од почетокот на агресијата против Украина – до вкупно од 9,7 милијарди долари, што може да се прочита од податоците на руската централна банка. Само ICBC и Bank of China, судејќи според тие изјави, отпаѓаат на околу 8,8 милијарди долари.

Кинеските кредитори ги презедоа позициите кои претходно ги имаа западните банки, кои поради меѓународните санкции и притисокот врз Русија од земјите од кои доаѓаат, повеќе не ги „сервисираат“ финансиски.

„Заемите дадени од кинеските банки на руски банки и кредитни институти, каде што јуанот во голема мера го зазема местото на доларот и еврото, покажуваат дека санкциите имаат ефект“, вели Андриј Оноприенко, заменик-директор за развој на Киевската школа за Економија, кој ги собра и тие податоци.