
Новите податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили ACEA покажуваат дека кинескиот BYD, иако бројките се сè уште мали во апсолутна смисла, сè посериозно се зафаќа со освојувањето на европскиот пазар, каде што неговата продажба во првите девет месеци од оваа година скокна за речиси три и пол пати.
Португалецот Карлос Тавареc, поранешен прв човек на Stellantis, која во последно време го губи својот удел во продажбата на нови автомобили на европските пазари, верува дека кинеските производители ќе завршат како спасители на европските фабрики и работни места во тој сектор со прикрадливо преземање.
Таварес, кој го напушти Стелантис пред нешто помалку од една година, верува дека европските производители имаат мали шанси за успешно натпреварување на пазарот во контекст на строгите правила околу емисиите на јаглерод, глобалната трговска војна и политиката околу електромобилноста.
Тој предвидува дека во следните 10 до 15 години, кинеските производители ќе изградат присуство преку акции или купување фабрики кои се на работ на затворање.
„Се отвораат многу убави можности за Кинезите“, рече тој во интервју за Фајненшл тајмс.
Како што опишува, во моментот кога западен производител ќе се најде во проблеми со фабрика пред затворање и протести на улица, кинески производител ќе се појави и ќе каже: „Ќе ја преземам и ќе спасам работни места“. Тогаш ќе се сметаат за спасители.
BYD и другите кинески брендови брзо го зголемуваат пазарниот удел на пазарите во Обединетото Кралство и Европската Унија со прифатливи и напредни електрични автомобили и хибриди и покрај повисоките тарифи наметнати од Брисел.
Таварес предвидува дека Европската Унија (ЕУ) ќе се откаже од својата цел за забрана на нови автомобили со внатрешно согорување до 2035 година.
Тој верува дека со ставањето на сопствената автомобилска индустрија во тесните рамки на ЕУ, направил грешка и, всушност, бил глупав.
Сега производителите лобираат да дозволат продажба на хибриди по 2035 година. Патем, хибридните автомобили станаа најпопуларниот погон при купување нови возила во ЕУ. Оваа година тие имаат пазарен удел од 34,7 проценти.
Во новообјавените мемоари, Таварес предвидува дека само пет или шест производители на автомобили ќе преживеат глобално, како што се јапонската Тојота, јужнокорејската Хјундаи, кинескиот BYD и можеби уште неколку кинески производители како што е Geely.
Во книгата, тој ја брани и својата плата во Stellantis, која во 2023 година изнесуваше 36,5 милиони евра, што предизвика гнев кај синдикатите и некои акционери.
За него, случајот со германскиот „Фолксваген“ е пример за неспособноста на Европа да се прилагоди на промените, а за „Тесла“ предвидува дека ќе биде надмината и од кинеските конкуренти, што би можело да го поттикне Илон Маск да се посвети на други деловни предизвици.











