Кинеските туристи трошат најмногу пари

22

kina turistiКинеските туристи минатата година потрошиле 102 милијарди долари, со што Кина стана пазар број еден за светскиот туризам во смисол на потрошувачка, надминувајќи ги другите два пазари по потрошувачка, Германија и САД, чии туристи во светот потрошиле околу 84 милијарди долари, покажуваат податоците на Светската туристичка организација UNWTO.

Големата кинеска туристичка потрошувачка во светот ја објаснуваат со брзата урбанизација на оваа земја, пораст на нивните приходи, како и намалување на ограничувањата за патување во странство, што доведе до тоа обемот на меѓународни патувања на Кинезите од 10 милиони во 2000 година, да порасне на 83 милиони во 2012.

На листата на најголеми потрошувачи во светскиот туризам се и Русите, кои во последните 10 години бележат раст во потрошувачката и сега се меѓу 10-те најдобри. Минатата година Русите на шетање надвор од својата земја потрошиле 43 милијарди долари, што е за 32% повеќе од 2011 година. Многу трошеле и Бразилците, кои потрошиле 22 милијарди долари во 2012 година.