Кинези го купија шпанскиот аеродром на духови за само 10.000 евра

74

aerodrom

Централниот аеродром Сиудад Реал, 200 километри јужно од Мадрид, чија изградба чинеше 1,1 милијарди евра, го купи на аукција кинескиот конзорциум инвеститори Tzaneen International за само 10.000 евра. Кинезите биле единствениот понудувач за аеродромот, јавува BBC.

Првиот шпански приватен меѓународен аеродром е отворен во 2008 година, но на него не слетуваа комерцијални летови од 2011 година. Операторот на аеродромот банкротираше во 2012 година поради долг од 300 милиони евра, откако не успеа да привлече доволно сообраќај, па затоа стана познат како “аеродром на духови”.

Аеродромот има капацитет да опслужи 2,5 милиони патници годишно. Tzaneen International сакаат аеродромот да го направат влезна точка во Европа за кинеските компании.