Кинезите годинава ќе станат најголем извозник на автомобили во светот?

75

Големиот руски пазар се отвори и за кинеските компании, откако многу европски, јапонски и корејски производители го напуштија.

Консултантската компанија AlixPartners објави интересни податоци. Веќе во првиот квартал Кина со 1,07 милиони извезени автомобили ја престигна Јапонија со 954.000 автомобили, а потоа следат Германија (840.000), Јужна Кореја (750.000) и Мексико (741.000).

Од 20,5 милиони продадени автомобили во Кина оваа година, 10,5 милиони возила се произведени од домашни производители – повеќе од половина.

VW, BMW и Mercedes сè повеќе заостануваат на овој важен пазар.

Со слоганот „Кина не е доволна“, домашните производители се пробиваат на светскиот пазар и се повеќе вршат притисок врз европските производители на автомобили на нивните локални пазари.

Големиот руски пазар се отвори и за кинеските компании откако многу европски, јапонски и корејски производители го напуштија, пренесува Б92.

Додека европските производители сонуваат за електрични автомобили кои чинат околу 25.000 евра, кинеските веќе имаат модели кои на локалниот пазар се продаваат за околу 10.000 евра.

Фото: Pixabay