Кинисај – нова алтернатива за превоз во Македонија

19

ff21ca8d-3677-4174-9d72-d95d466601b1

Онлајн платформата Кинисај претставува сервис за брзо изнаоѓање на меѓуградски превоз на светски популарниот принцип ride-share, односно споделување на патување при што големи бенефити уживаат и возачите, како и нивните сопатници.

Кинисај ви овозможува да ги избегнете турканиците во редовните автобуски линии, како и неудобноста на автобусите и возовите, а во исто време да патувате со автомобил, да стигнете за многу пократко време до вашата посакувана дестинација и сето тоа да ве чини најмалку два пати поевтино отколку вообичаено.

“Придобивките ќе ги почувствуваат сите: Возачите ќе можат значително да ги намалат трошоците за гориво, како и останатите патни трошоци, споделувајќи го својот автомобил и патувањето со други сопатници при што ќе имаат можност да стекнат нови пријателства, како и да го намалат ризикот од потенцијални сообраќајни несреќи.

Сопатниците пак, исто така ќе имаат можност да патуваат за многу поевтино отколку цената на стандардните повратни билети, а со тоа да стигнат и побрзо со својата посекувана дестинација притоа забавувајќи се со новостекнатите пријатели.

Кинисај е сервис наменет за сите оние на кој им е потребен: студенти кои студираат во други градови, луѓе кои имаат итна потреба од патување и не можат да си приуштат скапи билети до секојдневни патници и авантуристи”, стои во соопштението.

Платформата е целосно достапна за секој во секое време и што е најважно, нејзиното користење е бесплатно. Идејата на Кинисај е да поттикне колаборација и поинаква интеракција помеѓу луѓето, мотивирајќи ги меѓусебно да си помагаат и градат нови пријателства, па од таму произлегува и слоганот кој порачува: “Откачи се од Фејсбук, социјализирај се во кола!”

Покрај сето наведено Кинисај е и eco – friendly проект којшто се грижи за животната околина  во која живееме.

Иницирајќи ја идејата за споделување на патување, истовремено ги охрабрува луѓето да се превезуваат со помалку автообили, а на долг рок тоа значи значително намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот, како и намалувње на потрошувачката на бензин и други нафтени деривати како значаен ресурс на денешницата.

Кинисај е создаден од група на млади ентузијасти од Македонија кои со својата идеја успеаја да се пласираат во 12 -те најдобри финалисти за наградата Social Impact Award  поддржана од Шпаркасе Банка, чијашто егзекуција сè уште е во тек.