Кипар ќе одзема економско државјанство на 26 странски инвеститори

21

Кипар започнува постапка со којашто на 26 странски инвеститори ќе им го одземе економското државјанство, пишува The Guardian.

“Советот на министри потврди дека владата ќе се залага за построго почитување на условите што важат за инвестирање на Кипар“, изјави Константинос Петридес, министер за внатрешни работи на Кипар.

Меѓу лицата кои ќе останат без пасош се девет Руси, осум жители на Камбоџа, пет кинески државјани, две лица од Кенија и по еден Малезиец и еден Ирачанец.

Инаку, Кипар уште од 2013 година ја воведе мерката за економско државјанство, па услов за негово добивање беше инвестирање од минимум два милиони евра.